Во петок (22.04.), во 20:00 часот, закажан е почетокот на Скопскиот Филмски Фестивал. Фестивалот ќе биде отворен со филмот СЕН АМУР (SAINT AMOUR), на режисерскиот тандем Benoît Delépine, Gustave de Kervern. Фестивалската програма во кино Милениум ќе се одвива секојдневно (од 22.04. до 30.04.) во попладневните и вечерните термини.
Програмата можете да ја погледнете на веб-страната на фестивалот. На истата интернет локација можете да пронајдете и други информации поврзани со Скопскиот Филмски Фестивал.