Во овој предизборен период ќе се изнаслушаме кој сè е главен во државата, вели Ковачевски за „премиерот Груби“ и изјавите дека Албанците владеат со Македонија

„Во моментов Македонија ја води премиер Македонец“ а тоа што вицепремиерот Артан Груби вчера на промоција на Секретаријатите на огранокот на ДУИ беше поздравен како „премиер Албанец“ и зборуваше дека „Албанците владеат со Македонија“ е само дел од предизборниот наратив, изјави денеска премиерот Ковачевски на новинарско прашање за наративите во редовите на ДУИ.

„Веќе влегуваме во еден период на предизборие, така што во наредниот период од осум месеци ќе се изнаслушаме кој сè е главен, меѓутоа клучно е како можеме да функционираме еден Македонец, еден Влав и еден Албанец да склопиме буџет, да го поднесеме на Влада, и да го одобрат министрите и притоа да се заврши равојната компонента и со тоа ја праќаме пораката дека силата е во заедништвото. И им благодарам и на Филип и на Фатмир“, рече Ковачевски.

Прочитајте и:  Влен: Претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно за враќање на Груевски

Претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, вчера, како што пренесоа дел од медиумите, го поздравил Груби како „премиер Албанец“, а Груби, пак, зборувал дека моќта на Албанците е голема и сите се плашат од Албанците што владеат со државата.

„Нема чајџилница во Скопје каде што не се констатира дека Албанците владеат со држават, ова го кажуваме и сите ние. Создадовме капацитети да владееме, 20 години ДУИ создава капацитети за управување. Заврши времето на еден или двајца луѓе во ДУИ, време е за сите“, рекол Груби.

Според Бујар Османи, пак, стравот е поради тоа што на високи позиции имало Албанци.

„Албанци раководат со Владата, обвинители, судии, директори, доктори Албанци, од тоа се плашат, а не од ДУИ“, рекол шефот на дипломатијата.

- Реклама -