Многу познати лица од светот на шоу-бизнисот не сакале да ја пропуштат роденденската забава на првата дама на САД, Мишел Обама.
‘Snacks & Sips & Dancing & Dessert’ беше официјалниот назив на роденденската забава која Мишел Обама ја приреди за славење на нејзиниот 50-ти роденден. Многу познати гости беа забележани во Вашингтон меѓу кои и музичката дива Бијонсе која и настапила во програмата приредена во чест на првата дама.
Бијонсе на својата службена Tumblr страница објавила неколку фотографии од Белата куќа, а фатила и момент од забавата со куќните миленици на семејството Обама, кучето Бо и Сани. Во секси фустан со реси изгледала прекрасно- како и секогаш.
На забавата пејачка била и Џенифер Хадсон која исто така објавила слика од забавата на својот Инстаграм профил, настапил и пејачот Џон Леџенд, а големата прослава во Белата куќа не ја пропуштил ни актерот Семјуел Л. Џексон, пријателката на Опра Гејл, како и поранешниот кошаркат Меџик Џонсон.