Во ова езеро живеат најпријателски настроените крокодили

Крокодилите обично се агресивни, но не и во градот Пага.

Овој мал град во северниот дел на Гана, е сместен спроти границата на Буркина Фасо, и е дом на некои од најпознатите послушни членови на овој страшен вид предатори. Тие живеат во езерото Paga Crocodile каде пливаат весело крај мали деца, додека нивните мајки перат крај водата.

2

 

Никој никогаш не бил гризнат некој од крокодилите тука. Тие се почитувани од локалните, кои веруваат дека душата на секој жител на селото ја носат овие животни. Тие тврдат дека секој пат кога некој ќе умре, тоа е проследено со смртта на крокодил.

Според локалниот фолклор, во минатото некој ловец се вовлекол во стапица крај водите на езерото, прогонуван од лав. Тој склучил договор со крокодил, дека никогаш нема да ги убива и јаде, ако му помогне да ја помине водата и да избега од лавот.

Откако животното му помогнало, ловецот изградил куќа крај езерото и така ја започнал оваа традиција.

3

Никој не знае како крокодилите се нашле во Пага. Езерцето е без излез на море, а некои од најстарите живи суштества во водите се  постари од 80 години.

Кротките крокодили се вистинска атракција за туристите. Локалните користат живи кокошки, за да ги намамат да излезат од водата, а потоа секој што ќе посака, може да се фотографира со нив.

- Реклама -