Новиот роман на британската писателка Хелен Филдинг за хероината Бриџит Џонс „Mad About The Boy“ ќе биде објавен на 10. октомври.
Во романот, чии делови се објавени во „Sunday Times“ главната хероина Бриџит Џонс има 51 година, Марк Дарси е мртов, а таа сама одгледува две деца. Марк беше вистински принц на бел коњ, верен партнер кој ја спасува Бриџит од незгоди и погрешни мажи, но најмногу од самата себе.
Откако Дарси ќе ја запроси на крајот на втората книга „Bridget Jones: The Edge of Reason“, дознаваме дека двојката се венчала и дека има две деца. Потоа се случува трагедија. Романот „Mad About The Boy“ почнува пет години по смртта на Дарси. Ја запознаваме 51-годишната вдовица, мајка на Мејбл и Били. Се чини дека таа ја пребродила смртта на сопругот, но само површно. Новата Бриџит влегува во врска со 29-годишниот Рокстер со кој се запознава на Твитер. Новата Бриџит е опседната со оваа социјална мрежа и сега наместо килограмите ги брои „следачите“.
Според романите на Флдинг се снимени и филмови.