Во Nissan подготвуваат нова компактна ѕверка

Концернот Nissan е речиси готов со новиот член на семејството „Z “, кој ќе биде прикажан во ноември, потврди потпретседателот на јапонскиот производител, Енди Палмер. Машината ќе заземе место под Nissan 370Z во гамата на компанијата, а се разбира, ќе биде полесна и поевтина.

-Успеавме да направиме нешто ново во сегментот на спортски автомобили, а моделот да не личи на Toyota GT 86. Во исто време овој автомобил ќе биде интересен и повеќе ориентиран кон возачот. Новината ќе ја видите на автосалонот во Токио, коментира Енди Палмер.

978_Nissan-Z-470-2

Тој сепак не открива детали, но сепак признава дека новиот модел ќе добие четирицилиндерски турбомотор. Во Nissan не ја исклучуваат можноста машината да има хибриден систем. Освен тоа тјунинг филијалата на компанијата – Nismo, активно работи на електрична верзија на моделот.

Во Nissan се надеваат идниот спортски автомобил да привлече претежно млади луѓе. Затоа тој ќе биде поевтин од Nissan 370Z, еден од главните конкуренти на Toyota GT 86/Subaru BRZ.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -