По дури четврти пат, ресторанот Нома се наоѓа на првото место, на листата на 50 мајдобри ресторани во светот.
Ко-сопственик на ресторанот и шеф е Рене Реџепи, по потекло Албанец од Македонија.
Рангирањето на листата се базира на оценките од над 900 меѓународни гурмани од Академијата Дајнерс Клуб Топ 50 најдобри ресторани во светот.
Готвачите, сопствениците на ресторани и критичарите ги избираат најдобрите ресторани врз основа на нивните лични искуства.
„Деталите на кои Реџепи внимава додека готви нешто, иновативниот пристап кон храната и експериментирањето со ферментацијата, се тоа направено со страст и љубопитност, го довело неговиот ресторан до победа“, велат организаторите на доделувањето на наградите.