Во Москва предлог да запре испораката на гасот и други руски енергенси за Македонија, Црна Гора и Бугарија

На Северна Македонија, Црна Гора и Бугарија, затоа што не дозволија рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров да долета во Белград преку нивниот воздушен простор, треба да им биде запрена испораката на руски енергенси, вклучително и природен гас, побара потпретседателот на Одборот за меѓународни работи на Советот на Руската Федерација – Владимир Џабаров, пренесува српски „Политика“.

„Значи, рускиот природен гас кој го добиваат тие земји апсолутно не е отровен за нив, но прелет на авион со руски министер предизвикува сериозна загриженост. Се поставува прашањето, можеби на тие земји воопшто не треба да им се испорачуваат руски енергенси?“, напишал Џабаров на својот профил на социјалната мрежа Телеграм.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

Лавров денеска, откако беше спречен да долета во Србија, одржа вонредна прес-конференција на која остро ја осуди одлуката, нарекувајќи ја одлука без преседан и попречување на суверена земја да води надворешна политика. Лавров конкретно ги спомена и Црна Гора и Македонија, со оценка дека такви земји му се потребни на НАТО за да спроведува антируска политика и антируски закани.

- Реклама -