Растат бројките, а се полнат и болничките кревети. Во моментов, на инфективните одделенија во целата држава, хоспитализирани се вкупно 221 пациенти од Ковид-19.
Како што соопштува Министерството за здравство, на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.