Во моментов една фудбалска топка лета во вселената

Вселенскиот брод Soyuz MS-08, со екипаж составен од тројца астронаути, вечерва беше лансиран во орбитата од космодромот Бајконур во Казахстан, и во моментов се движи кон Меѓународната вселенска станица (ISS, т.е. MВС).

Екипажот на вселенски брод се состои од рускиот космонаут Олег Артмејев и двајца астронаути на NASA – Andrew Feustel и  Richard R. Arnold.

Сојуз MS-08 ќе стигне на ISS во петок навечер.

Во рускиот вселенски брод, заедно со астронаутите, лета и фудбалската топка дизајнирана за Светското првенство во фудбал што ќе се започне во јуни годинава во Русија.

Топката нешто подоцна на Земјата ќе ја врати астронаутот Антон Шкаплеров, а постои можност и дека истата оваа топка ќе се користи во првиот натпревар на Светското првенство во Русија (во зависност од тоа во каква состојба ќе се врати од вселената, нели).

- Реклама -