Во мобилниот на Боки 13 фатена вибер порака од осомничена која напишала 3.000, 5.000, 10.000

Обвинителството за организиран криминал и корупција за истрагата „Рекет“ има во раце вибер пораки испратени од една од осомничените за измамите од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки 13 со суми: 3.000, 5.000, 10.000 и други суми со заокружени бројки илјади, најдени во неговиот мобилен телефон. Обвинителството, како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК, претпоставува дека се работи за илјади евра и ќе истражува со која цел осомничената ги напишала и му ги испратила токму на првоосомничениот Боки 13.

Дека вештачењето на мобилниот телефон на Боки 13 е ризница од готови податоци што ѝ требаат на истрагата, покажа и случајот со поранешната Специјална обвинителка Катица Јанева во првиот дел од истрагата, кој веќе резултираше со обвинение. Токму со вештачењето на овој телефон, била откриена сумата од 50.000 евра која Јанева ја зела од милионот и пол евра што ги зел Јовановски од Орце Камчев.

- Реклама -