За луѓето кои го доживеале тоа, болката и радоста на породувањето е нешто што може тешко да се опише со зборови.
Слушањето на првиот плач на вашето бебе, држењето на малите прстиња во својата рака и нишањето на нежното снопче може да биде неизмерно големо искуство- најголемата награда на природата за страдањето на жената.
Овие интимни портрети од мајки и татковци како ги гледаат и запознаваат своите новородени синови и ќерки за прв пат, нудат интимен поглед на настанувањето на нераскинливата, света, доживотна врска.
Во некои од сликите, болката на бремените мајки е речиси опиплива- и оние кои поминале низ породување сигурно ќе се сетат на тие измачувачки моменти на напор.
Но на крајот, со првобитната агонија на раѓање зад нив, лицата на мајките блескаат со бесконечна радост од тоа што биле дел од чудо.
Над се, среќните мајки прегрнувајќи ги нивните скапоцени бебиња создава чувство на смиреност- како конечно да се чувствуваат целосно и во совршена хармонија со универзумот.