Во меѓувреме, во Австралија пржат јајца на хауба

Австралија е зафатена од рекордно високи температури, а еден полицаец од Бердсвил во Квинсленд објави видео како на хаубата на патролното возило пржи јајца и сланина.

Температурата во Бирдсвил обично се движи околу 38º Целзиусови, но минативе денови достигна и до рекордни 47.1 степен.

 

Екстремните горештини кои ја зафатија австралиската пустина предизвикаа и низа пожари на источниот брег на земјата, а откажани се и повеќе големи спортски настани.

Заради големите жештини дури се запали и огномет во гепекот на еден несреќен Австралиец.

 

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

 

- Реклама -