Пиварата Стар Град за неколку дена ќе понуди за прв пат пиво од пченица или weissbier.
Пивото се добива со замена на барем 50 проценти од јачменовиот слад со пченица.
„Најпознато пченично пиво е германското, а по него секако ќе биде нашето. Денеска го ставивме да се крчка, а за 10 дена ќе може да дојдете и да го пробате ”, изјавија од микро пиварата за Блабла тв.
Покрај ова пиво, пиварата произведе и веќе доби палец нагоре од сите кои ги пробаа светлото „Чаршиско“, како и црвеното “Скендербег” и темното пиво “Гоце Делчев”.
Од микро пиварата најавуваат дека наскоро ќе ве изненадат со уште многу вкусови кои досега ги немало на нашиот пазар.