Во Ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, отворена е изложба под наслов “Тивок ритам на формите” од Милица Алимпиќ Илиќ.

Во Ликовната галерија на Центарот за култура “Марко Цепенков” во Прилеп, синоќа е отворањето на изложбата “Тивок ритам на формите” од уметницата Милица Алимпиќ Илиќ.

На оваа изложба, уметницата представува дела каде женските фигури се истакнати како главни носители на визуелната и емоционалната нарација.

Отворањето на изложбата го предводеше Бранко Трајкоски, кој истакна дека делата на Милица Алимпиќ Илиќ претставуваат соединение на геометриска апстракција, организам и метафизичко сликарство, комбинирајќи геометриски фигуративен модернизам и современ кубизам со влијанија од арт деко.

„Темата е насочена кон женската енергија, движењето, емоционалната состојба и просторот. Со спојот на сценскиот дизајн, циркусите и геометриската архитектура во позадина, се приближува до духот на руската авангарда. Во некои од сликите, мистериозната перспектива, необичните рамки, прозорците и атмосферата на осаменост и интроспекција наликуваат на амбиентот во делата на Џорџо де Кирико“ – изјави Трајкоски за време на отворањето на изложбата.

Милица Алимпиќ Илиќ е академска уметница од Србија, позната по реализираните бројни изложби и активностите во едукацијата и илустрацијата.