Владата донесе одлука за зголемување на полицискиот час во Куманово, соопшти техничкиот премиер Оливер Спасовски.
Со одлуката, се водедува целосна забрана за движење за викенди, па полицискиот час ќе трае од петок во 21 часот до 5 часот во понеделник. Во работните денови, од понеделник до петок, забраната ќе важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.
„За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби“, напиша Спасовски на Фејсбук.