Во Кривичниот суд рочишта за „Тортура“, „Тотал“ и „Тарифа“

Денеска во Кривичниот суд се закажани повеќе рочишта за предмети на СЈО, меѓу кои „Тортура“, „Тотал“ и „Тарифа“, како и завршни зборови во одвоената постапка за „Тенк“ за ексминистерката Јанкулоска.

Покрај Јанкулоска, во „Тенк“ се обвинети и Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Во „Тотал“ е обвинет Латас, за затајување данок, додека пак во „Тортура“ им се суди на обвинетите за начинот на кој Љубе Бошкоски беше уапсен во 2011 година.

На обвинителна клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“.

- Реклама -