Во кралски стил – на забавата ќе пејат само ѕвезди!

Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон наскоро ќе се вселат во својот нов дом – Кенсингтонската палата.

Палатата се преуредува со цел  кралскиот пар со синот Џорџ да основаат свој дом. За пријателите и останатите гости ќе се организира забава за вселување која ќе се одржи на 26.ноември.

За сега се знае дека  ќе бидат повикани дури 750 гости, а во јавна продажба ќе се најдат 500 карати за овој ексклузивен настан по цена од 500 фунти – со 250 VIP влезници за посебни гости. Освен тоа гостите ќе ги забавуваат Бон Џови, Тејлор Свифт, Џејмс Блант и Елиза Долитл.

Кралската забава ќе биде од хуманитарен карактер па сиот приход ќе биде наменет за помош на Центарот за бездомници. Ќе биде тоа забава за паметење!

2

- Реклама -