Во која земја е најдобро (и најлошо) да си жена?

Блумберг објави истражување спроведено од Организацијата за економска соработка и развој, кое покажа дека Норвежанките живеат најопуштено и имаат 367 слободни минути во денот. Вреди да се додаде дека мажите во Норвешка се втори на светската листа според тоа колку помагаат во домашните обврски, зад Данците. Норвежаните посветуваат дури 180 минути дневно на домот, на пазарење, грижа за децата и старите.

Кога се работи за односот на времето што мажите и жените го трошат на работа низ домот, тој е најдрастичен во Јужна Кореа и Јапонија. Кореанките работат дури пет пати повеќе од посилниот пол, а Јапонките 4.5 пати повеќе од јапонските мажи.

housework1[1]

Сепак, најмногу окупирани околу домот се Турчинките – тие трошат 377 минути дневно на грижа за куќата и домот, додека нивните мажи само 116 минути.

Прочитајте и:  16 дена активизам против родово базирано насилство - “Лузни на издржливост, гласови на надеж”

Втори на листата на „домаќинки“ се Мексиканките со 373 минути поминати во работа низ домот, додека нивните мажи посветуваат 113 минути. Трети се Индијките – на домот посветуваат 352 минути дневно, додека нивните мажи – само 52.

- Реклама -