Верувале или не, постои една многу чудна дружина од мажи. Чудна е затоа што се чудни мажите, а мажите се чудни затоа што за хоби имаат избрано нешто од што 99% од луѓето паѓаат во несвест, заради превртување очи. Имено, оваа уникатна заедница се самонарекува Washing Machine Collectors Club т.е. Клуб на колекционери на машини за перење. Ај што звучи како заебанција, ама клубов има преку 3000 членови низ светот и се состанува неколку пати годишно. Неколку од нив доаѓаат и од Мадагаскар или од Австралија, само за да присуствуваат на тридневните „перења“, за кои може да се рече дека во суштина се состаноци на мажи кои се зближуваат и дружат преку нивниот прљав веш.
Перењето алишта во оваа ексцентрична дружина се дочекува со возбуда што е надвор од сите сватливи параметри на возбудата што ја доживува просечен човек при перење алишта (што ќе му дојде нешто помалку од нула). Секој од луѓево дури си има и свој омилен дел од перењето; за некого е самото перење, за други е плавењето, за трети е центрифугата, за четврти е исфрлањето на вода (може има и други, ама познавањата на авторот околу машини за перење се сведува едвај на набројаните).
Џон Чарлс, еден од основачите на клубот и самопрогласен „ентузијаст за колекционерство на машини за перење“, раскажува како се одвиваат средбите: „Се собираме заедно и переме алишта до кај 4 насабајле. Пиеме маргарити и переме заедно. Навиваме при перењето. Ги гледаме циклусите. Многу од нас – седиме и го гледаме целиот циклус на перење… Секој еден од нас е дојден во клубот со иста приказна, од типот: ‘Мислев дека сум единствен. Мислев дека сум единствениот на светот што го прави ова’“.
Се разбира, како што кажува самото име на клубот, не е сé во перењето. Членовите на клубот се пред сé опседнати со самите машини и честопати знаат меѓусебно да ги споредуваат своите приватни колекции. Чарлс, на пример, има 59 машини, од кои 22 се вклучени и работат во неговиот подрум. „Имам солидно познавање за сé што е направено од 1938, па до денес“, вели тој. „Ги расклопувам и потоа одново ги склопувам, бидејќи сакам да знам сé околу тоа како сé тоа работи во внатрешноста на машината. Перењето за мене е како црешата на шлагот“.
„Овие машини ги репрезентираат начините на кои се правеле нештата во секоја декада – нешта што повеќе не ги правиме – и мислам дека тоа е нешто што треба да биде зачувано и за други луѓе, ако можеме да им го привлечеме интересот. Не можам едноставно да отидам на забава и да прашам ‘Како ти е машината за перење?’ – сите ќе ме гледаат како да сум лудак.- Ама затоа можам да ги зберам овие момци и да се изнамуабетам. Суперзабавно е да можеш со некого да разговараш за тоа“.