Доколку немате доволно пари за пат околу светот, повеќето најпознати знаменитости од разни држави можете да ги пронајдете во кинескиот град Шензен. Секако, станува збор за макети кои се сместени во забавниот парк „Прозорец на светот“.
Тука можете да погледнете детални репродукции на 130 понати туристички атракции од странските земји. Некои се претставени во природна големина, а некои доста смалени.
Паркот е изграден во 1994 година, а доколку посетителите се изморат за време на турата, ќе можат да го продолжат разгледувањето со помош на дрвен воз. Покрај архитектонските градби, Кинезите успеале да направат емитации и на водопадите Нијагара како и на реката Колорадо.
[youtube]http://youtu.be/wwkOUYCDO00[/youtube]