Автомобилскиот сектор предвидува продажба на над 800.000 електрични и plug-in хибридни изведби за оваа година, што е за 58% повеќе од реализација во 2016. Скокот на продажба минатата година во однос на 2015 беше над 50%, или реализација од 507.000 единици.
Кинеските власти инвестираат милијарди јуани во промовирањето на електрични возила и од 2015 година се забележува неверојатен бум во нивната продажба. Но, државата сака побарувачката да се мотовира и од клиентите и поради тоа се намалени за 20% субвенциите за ваков вид возила. Во исто време владата планира да ги запре целосно субвенциите за секторот на крајот на деценијата.
Потпретседателот на Кинеската асоцијација на автомобилски производители Ксу Јанхуа смета дека растот на пазарот на електрични ќе се должи најмногу од plug-in хибриди за кои се очекува удел од околу 70% од идните продажби. Исто така мисли дека побарувачката на електрични автомобили со продолжен опсег ќе се зголемува постојано, што ќе доведе до намалување на трошоците за производство и соодветно на единечната цена.
Кина сака да изгради и 800.000 станици за полнење за електрични автомобили и хибриди до крајот на оваа година. Во моментов постојат 150.000 станици со неколку полначи за лесни и комерцијални автомобили, а потребите се за барем уште 100.000. Според државната новинска агенција Ксинхуа постоечката полначка мрежа во земјата покрива над 14.000 km автопат, со интервал помеѓу одделните станици од 49 километри. Според агенцијата најдобро покриеност со полначи станици поседуваат регионите на Пекинг и Шангај.