„Во јули“ филмски предлог за овој зимски викенд

По втор пат ве носиме во светот на турскиот режисер Фатих Аким, овој пат со една љубовна драма и авантура.

Со оригинален наслов „ Im Juli (2000).” филмот раскажува приказна за една хипи девојка – Јули, на која што ќе и се допадне  Даниел, професор по математика.

im-juli-77018

 

Јули продава накит пред неговото училиште и еден ден решава да го повика да разговараат. Во разговорот му нуди на Даниел прстен со сонце и притоа му кажува, дека првата девојка која што ќе ја види како носи сонце на себе си, ќе биде неговата судбина.

screenshot11xr3-png

 

На крајот му подава и карта за свирка истиот ден, со цел да се сретнат. И покрај намерата, Јули не е првата „сончева“ девојка која ја среќава Даниел таа вечер, туку е една прекрасна русокоса која што се вика Мелек. Таа и Даниел поминуваат една вечер заедно, сосема пријателски, а  утредента Мелек заминува во Турција.

4664015_l1

Тогаш Даниел сфаќа дека мора повторно да ја сретне и дека е заљубен во неа. По сосема случајни околности тој заедно со Јули тргнува на пат за Турција да ја пронајде неговата љубена, а токму таму  започнува неговата животна авантура.

5199bf76a2ad2

Со одлична музика, феноменални кадри и супер сценарио, Фатих Аким не‘ носи на далечно патување, во времетраење од час и половина. Она што го прави еден од најдобрите режисери во Европа се неговите ликови. Онакви какви што можеме да ги сретнеме околу нас, без карикирања, без претерана драма, во чии што животи можеме да се пронајдеме, не знаејќи никогаш каков крај не очекува  – среќен или тажен, непредвидлив, шокантен или таков што ќе не остави рамнодушни, а молкум замислени.

Уживајте.

- Реклама -