Во Јапонија продадена најголемата риба туна во историјата

На аукција во Јапонија беше продадена туна тешка 450 килограми. Тоа е најголемата продадена риба од тој вид во историјата на риболовот во земјата, пренесуваат светските медиуми.

Аукцијата била одржана на пристаништето Кацура на островот Хоншу, а рибата – со должина од 2.74 метри, е најтешката фатена во Јапонија од 1949 година наваму, т.е. откако воопшто се води статистика.

По конкурентната аукција, туната е продадена по цена од 7.15 милиони јени (околу 67.000 долари).

Во меѓувреме, изгледа нешто чудно се случува месецов во пристаништето Кацура. Порано месецов беше уловена уште една гигантска риба туна, но тогаш нешто полесна – долга 2.82 метри, а со тежина од 446 килограми.

Прочитајте и:  „Здравје од конзерва“ некои конзерви кои е добро да ги имате дома

Во јануари на прочуениот пазар Цукиџи во Токио беше продадена 405-килограмска туна, за 323.000 долари.

- Реклама -