Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 94 Палестинци

Во синоќешните воздушни напади на Израел врз Појасот Газа, загинале 94 Палестинци, од кои 45 лица биле убиени додека се обидувале да добијат хуманитарна помош, објави денес Министерството за здравство во Газа.

Пет луѓе изгубиле живот пред објект поврзан со Хуманитарната фондација за Газа, додека останатите 40 загинале на различни локации во палестинската енклава, чекајќи на помош.

Исто така, десетина лица биле жртви на воздушните напади, а 15 загинале во зоната Мусави, каде голем број внатрешно раселени Палестинци нашле засолниште. Во нападите врз едно училиште во градот Газа, исто така, загинале 15 лица.

Израелската армија засега не ги коментирала овие напади.