Во исчекување на „Kick Ass 2“

Веројатно сите кои го гледале филмот „Kick-ass“ со нетрпение го очекуваат неговото продолжение чија премиера е закажана за 19 Јули 2013 година.

На интернет порталите веќе се појавија фотографии на кои се гледа како Арон Тејлор-Џонсон и Џим Кери се појавуваат во костимите на главните јунаци.


Главен новитет во вториот дел е карактерот кој го збогатува тимот на костимирани одмазници, именуван како Полковникот Ѕвезди. Се чини дека Џим Кери е полн погодок за толкувањето на истиот, а доколку приказната и понатаму се одвива според стриповите, тој ќе биде главен на организацијата наречена Правда засекогаш.


Со оглед на зафатеноста на режисерот на првиот дел, Метју Вон, кој работи на X-Men: Days of Future Past, неговата работа ја продолжи Џеф Вадлоу кој најави одлично продолжение исполнето со многу акција.

- Реклама -