Во иднината, внатрешноста на вашиот автомобил ќе биде направена од домати

Неодамна, официјални лица од авто-производителот Форд изјавија дека компанијата планира да развие рециклиран материјал кој ќе го користи во производството на автомобили. Како ресурс ќе го користи отпадот од една друга американска компанија – прехранбениот гигант H.J. Heintz. Ако проектот успее, еден ден ќе можеме да видиме траги од дршката, лушпата, семките и други неупотребени делови од доматите при производството на кечап, во ентериерот на нашите возила.

ford

Форд во моментов се наоѓа во раните фази на истражување на можностите за употреба на нуспродуктите при продукцијата на кечапот, сакајќи од нив да создаде композитни материјали. Елен Ли, техничкиот експерт во истражувањето на пластика, вели дека доматите можат да бидат мошне проблематични како ресурс, бидејќи ги немаат некои од потребните особини – како цврстина, а нивните природни влакна не се баш најкомпактни за да бидат вклучени како дел од опремата. Сепак, тимот работи и со други добавувачи на природни влакна, со цел да се добијат нови идеи и решенија на ова поле.

Infographic_CFPL00024_Heinz_Sustainability_R02 - Copy

2

Инаку, уште пред 14 години, истражувачкиот тим на Форд почна да пројавува интерес во полето на развој и интеграција на рециклирани растителни материјали во возилата (користејќи состојки како кокосови ореви, рециклиран памук, оризови лушпи и соја). Во моментов, според Ли, тимот веќе ја наѕира целта, откако веќе ја потврдил изводливоста на ваквите планови.

 

- Реклама -