Во хај-тек кујната на Панасоник (видео)

kujna

На CEATEC саемот за електроника што се одржа минатата недела во Јапонија, Панасоник се пофали со неколку свои нови прототипови. Не само што се импресивни, туку наговестуваат и каква ќе биде иднината на домашното живеење.

На пример, невидливиот екран. Изгледа како обична стаклена врата на плакарот, но по желба го затворате и почнува да прикажува слики. Или на пример, масата за готвење. Изгледа како обична трпезариска маса, ама кога ќе ја поклопите со специјалниот капак, поклопената површина се претвора во рингла и ја готви храната. Или на пример, кабинетот за вино со навидум обична врата од црно стакло. При допир, таа се претвора во стаклен дисплеј кој прикажува информации за температурата влажноста, како и за секое од вината, а предлага и соодветни рецепти.

- Реклама -