Романска државјанка на возраст од 49 години била уапсена денес на атинскииот интернационален аеродром „Елефтерос Венизелос“. Она што ја прави посебна е што кај неа се пронајдени стотици пасоши и лични карти кои им припаѓале на други лица, издадени во разни држави.
Истрагата на полицијата за организиран криминал и трговија со луѓе покажала дека најголемиот дел од конфискуваните документи се пријавени како украдени или изгубени, пренесува грчката агенција АНА.
Романката е обвинета за илегално поседување на туѓи патни исправи и криумчарење, а полицијата ја продолжува истрагата со колегите од другите земји, со цел да се утврди обемот на нејзините активности и да се откријат евентуалните соучесници.