Во Грција пронајден најстариот запис на „Одисејата“

Тим од грчки и германски историчари пронашле запис за кој се смета дека е најстарата верзија на Хомеровата „Одисеја“.

Записот е изрезбан во глинена плоча и на неа се наоѓаат 13 стијови од 14-тата Рапсодија. Според проценките, записот е стар најмалку три века. Иако датумот треба да биде дополнително потврден, оваа плоча претставува значаен археолошки, литературен и историски експонат.

„Одисеја“ е еп на Хомер во кој се зборува за Одисеј, кралот на Итака, кој 10 години се обидува да пристигне дома по падот на Троја.

- Реклама -