Во археолошкото наоѓалиште во Сибир наречено „Руска Атлантида“, во гpoбница на млада жена, пронајден е необичен предмет кој од денешен аспект неверојатно потсетува на смартфон.
Гpoбницата на Наташа, како што ја нарекоа археолозите, откриена е во текот на летото, откако беше исушен огромен вештачки резервоар. Потекнува од времето на древната империја на Xiongnu – броен номадски народ кој владеел со регионот во периодот од 3. век п.н.е. до 1 век од нашата ера.
Преметот, за кој се проценува дека е стар 2.137 години, е направен од црн скапоцен камен од лигнит, со симетрични детали од полускапоцени камења. По формата и големината, многумина ги потсетува на iPhone.
Сепак, не се работи за некаква овоземска или вонземска технологија заостаната од некаква мистериозна и технолошки развиена претходна цивилизација на планетава. Се работи, всушност, како што објаснуваат археолозите, за украсно копче на ремен. Од сите останати гpoбови најдени во басенот, само појасот на „Наташа“ бил украсен со древни кинески Wuzhu монети, што им помогнало на археолозите да ја одредат староста на предметот, но и гpoбницата. Повеќе ТУКА.