Вчера (11.11.2024) во 17.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во општата болница во Гостивар со тешки телесни повреди бил донесен 57 годишниот Н.Х. од Врапчиште.
Според пријавеното, околу 17.00 часот, додека одел на работа, во Врапчиште паднал од велосипед и се здобил со повредите.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.