СВР Тетово информира дека вчера (4.11.2024) во 18.00 часот на булевар „Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(34) од Вруток, гостиварско, поради основано сомнение дека извршил кражба на велосипед. Кај него бил пронајден велосипедот и бил вратен на сопственикот.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, извести полицијата.