Во главата на „најсреќниот човек на светот“

NM1144_MatthieuRicard02[1]

Се тврди дека 70-годишниот Матие Рикар (Matthieu Ricard) – тибетски будистички монах, е најсреќниот човек на светот. Но тоа ги надминува дури и неговите најхрабри претстави.

Рикар е Французин и живее во манастир во Непал. Може да медитира со денови. Научниците му ја залепија титулата „најсреќен човек“ откако тој учествуваше во истражувањето по медитација и сочувство на Универзитетот во Висконсин, кое траеше 12 години.

Како научниците дошле до заклучок дека Рикар е најсреќниот човек на светот?

Специјалистот по неврологија Ричард Дејвисон го поврзува монахот со 256 мозочни сензори додека тој медитира. Открива дека мозокот на Рикар произведува неверојатна количина на гама зраци, на ниво што досега не е забележано во модерната наука кај ниту еден друг човек. Гама зраците се поврзани со знаењето, вниманието, учењето и меморијата.

„Податоците исто така покажуваат прекумерна активност во левиот преден дел на мозочната кора, во споредба со десниот дел. Ова му дава невообичаено голема можност да се чувствува среќен и намалена склоност кон негативизам”, додава неврологот.

ricard

„Тоа е апсурдно!“

Рикар изјави дека е апсурдно тој да биде најсреќниот човек на светот. За магазинот GQ рече дека познава многу посреќни монаси од него. „Навистина“ – протестира будистот.

Но ретко некој му го уважува протестот. По објавувањето на податоците од истражувањето, Рикар се прослави на светско ниво и е баран насекаде. Загрижен од таквата ситуација, тој ќе го замоли Далај Лама за совет и да се повлече далеку од очите на јавноста.

Но духовниот водач има поинаков став. Тој го убедува Рикар дека светот има потреба од неговите зборови. „Ако сакаат да бидеш најсреќниот човек, тогаш биди“ – му вели Лама.

Клучот за среќата

На прашањето како да бидеме среќни, Рикар одговара дека клучот за среќата е во љубовта и алтруизмот. Да го тренираш умот со тоа што ќе мислиш на добри нешта 15 минути на ден – исто така помага.

И научниците ги поддржуваат неговите совети – како што сугерира истражувањето на Дејвидсон, 20 минути медитација дневно може да направи човек да се чувствува среќен.

На потенцијалното прашање како да не стигнеме до среќата, Рикар одговора дека е најпогубно да се споредуваме со другите. „Споредбата е убиец на среќата“ – вели најсреќниот човек на светот.

- Реклама -