Граматика и политика: Nord-Mazedonien или Nordmazedonien?
Колумна на Кица Колбе, за „Дојче веле“
Очигледно и најпрецизната граматика може да предизвика нејасности. Тоа се случи при „доместицирањето“ на името Северна Македонија во строгата германска граматика. Од желбата за правописна прецизност, но и од непознавање на деталите на Преспанскиот договор во однос на името на македонскиот народ, на крајот, во германското правописно поле никна нова билка-именка, наречена „Nordmazedonier” (Северномакедонци). Таа именка, пак, ја нема во Преспанскиот договор. Како тогаш таа се роди во германските медиуми?
Богатиот германски јазик има една поучна поговорка: „Ѓаволот се крие во деталите”. Дали еден правопис одговара на суштината на стварта што ја именува, зависи од тоа какви последици ќе има во стварноста. Уште пред една година, минатиот јули, кусо по потпишувањето на Преспанскиот договор, се прашував како името Северна Македонија ќе се транскрибира на германски. Како „Nord-Mazedonien“, со цртичка помеѓу придавката и именката? Или слеано, „Nordmazedonien“, како нова „композитна именка“? Композитните именки, образувани со поврзувањето на два збора, се белег на германскиот. Само што од нив потоа би можело да се образуваат и нови именки и придавки. Како именката „Nordmazedonier“ и придавката „nordmazedonisch”… Колумната продолжува ТУКА.