Во базата на податоци за лица кои претставуваат потенцијална опасност по безбедноста, а која ја користат европските полициски служби, Франција има заведено повеќе имиња отколку сите останати европски земји заедно, пишува AP. На листата Франција наведува повеќе од 78.000 луѓе.
Со оглед на обемот на листата, се поставува прашањето дали постои злоупотреба на базата, или дали можеби државите применуваат различни критериуми. Овие прашања ги постави и германскиот парламентарец Анреј Хунко до својот министер за внатрешни работи, алудирајќи на „дискретните проверки“ на луѓето.
На ниво на Европа, во 2017 година, како предмет на тајни меѓународни проверки поради страв од безбедносен ризик се поставени повеќе од 134.000 луѓе. Наведените лица од Франција претставуваат 60% од таа вкупна бројка.
Кон крајот на минатата година, шефот на француската разузнавачка служба изјави дека под надзор се 4.000 осомничени екстремисти.