Во Етнокуќата во Кочани изложени креации од „Ракотворница“ со техники на ткаење

На првиот кат во Етнокуќата во Кочани синоќа беше отворена изложба на рачно изработени предмети од обуката за ткаење на вертикален разбој, реализирана пролетва од Здружението „Синтезис“ во соработка со Општина Кочани. Во витрините на Етнокуќата можат да се видат ткаени, плетени, везени и шиени предмети, позајмени од кочанци, кои сведочат за богатството на локалната етнолошка ризница. Освен тоа, тука се и новите изработки, кои дополнително ја богатат оваа изложба.

Прочитајте и:  Македонските кошаркари со победа над Словачка го започнаа младинското европско првенство