Во детските анимирани филмови има повеќе убиства отколку во филмовите за возрасна публика?

Ако после смртта на мајката на Бамби се запрашавте како може еден детски цртан филм да биде толку брутален, не сте сами.

Карактерите во анимираните филмови имаат поголеми шанси да умрат отколку карактерите во драматичните филмови за возрасни, а новата студија што го истражуваше проблемот заклучува дека детските анимирани филмови се „преполни со смрт и убиство на екранот“.

Студијата на BMJ, насловена „Цртаните убиваат“ (CARTOONS KILL) анализираше податоци од 45-те детски анимирани филмови со најголема заработувачка на бокс-офисот и ги спореди со најпродаваните 90 драми за возрасни , се со цел да го утврди времето кога во просек се појавува првата смрт/убиство на екранот. Анализата беше направена врз анимирани филмови од рангот на Снежана, па се до Frozen, додека во драмите беа вклучени филмови од класата на Black Swan, What Lies Beneath и The Departed.

bambi__s_mother_death_by_spartandragon12-d53pevo[1]

Резултатите? Две-третини од детските анимирани филмови содржат смрт на некој од важните карактери, со тоа што напади од животни и паѓања се најчеста причина за смрт. Кај филмовите за возрасна публика, смртта е прикажана во половина од нив.

Меѓу најзначајните умирања, студијата ги издвојува она на мајката на Немо, која е изедена од баракуда веќе во 4-тата минута од почетокот, како и родителите на Тарзан кои се убиени од леопард, исто така во 4-тата минута од филмот.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Студијата заклучува дека детските филмови „наместо да бидат алтернатива за масакрот и колежот во типичниот американски филм, се всушност лулка на убиство и сакатење“.

elib_5857138-e1418802899805[1]

И додека во студијата беше нагласен потенцијалот од негативни последици по децата кои се изложени на смрт и насилство, особено малите деца кои не ја разбираат смртта, еден филм беше издвоен како добар пример за тоа како би требало да биде прикажана смртта пред наивните детски очи – тоа е „Кралот Лав“, за моментот на смртта на Муфаса. The Lion King е пример за филм што може да им помогне на децата на здрав начин да се помират со идејата за смрт – филмот го претставува главниот протагонист Симба додека поминува низ комплексен процес на жалење, кој кон крајот стигнува на здраво прифаќање на смртта на неговиот татко, па дури и прочка за убиецот на Муфаса.

Simba-Mufasa-(The_Lion_King)[1]

Тешко е да се утврди дали пофалбата на The Lion King е основана. Еве на пример, ние возрасните никогаш не успеавме да му простиме на Скар.

Мoжеби некои од останатите фусноти во студијата ќе ви помогнат во тоа. Можете да ја прочитате ТУКА.

- Реклама -