Во детска градинка со денови исчезнувале чевли, фатен крадец со четири нозе

Необична приказна почнува со вистинска мистерија. Во градинка во југозападна Јапонија почнале да исчезнуваат детски чевли, а крадецот не оставил никакви траги.Надлежните не можеле да разберат зошто земал паединечни обувки, а не еден пар, па решиле да постават камери за надзор во ходниците.Не чекале долго. Чевел исчезнал ноќта помеѓу 11 и 12 ноември. Тие веднаш ја прегледале снимката, верувајќи дека крадецот е на неа.На нивно изненадување, виновникот немал две, туку четири нозе, како и портокалово крзно и остри канџи!Се испоставило дека во градинката упаднала ласица, а нејзината последна „акција“ траела само 10 секунди, пренесува „Гардијан“.Локалните медиуми јавуваат дека директорката на градинката повикала полиција на почетокот на ноември, откако исчезнале 15 чевли. Следниот ден украдени се уште три, а останатите биле расфрлани на подот.„Бевме многу загрижени, но ни олесна кога сфативме дека се работи за ласица“, велат вработените.Професорот Хироши Сасаки од Универзитетот Чикуши Јогакуен верува дека животното најверојатно имало потомство и користело чевли за да го обложи гнездото пред зимата.Останува непознато каде се тие, додека од градинката најавуваат дека сега како превентивна мерка ги покриваат полиците со чевли, во ноќните часови.Текстот Во детска градинка со денови исчезнувале чевли, фатен крадец со четири нозе е превземен од МАКФАКС.
Извор