Поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во четврток Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје, информираат од СВР Скопје.
Оттаму ги повикуваат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Фон дер Лајен ќе ја посети земјава во рамките на нејзината балканска турнеја, при што ќе посети шест држави. Нејзината прва дестинација е Тирана, каде ќе пристигне утре и каде ќе се сретне со премиерот Еди Рама, а ќе учествува и на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа. В четврток таа ќе се сретне со албанскиот претседател Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Македонија. По Македонија, ќе ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина, во петок ќе отпатува за Србија а посетата на Западен Балкан ќе ја заврши во сабота со Косово и Црна Гора.