Во „бомбите“ на Ел Чека се зборува и за понови настани – знак дека можеби сè уште се прислушкува

Прислушувањето не заврши со „бомбите“ кои ги поседува СЈО, е неизбежниот впечаток што експертите го добиваат од разговорите кои деновиве ги објавува профилот Ел Чека, а кои ги добива од ocyдени членови на „кумановската група“ кои се наоѓаат во затвop.

Во дел од „бомбите“ има нов материјал кој не е од пред 10 или 5 години, туку се однесува на теми кои датираат по периодот којшто беше категоризиран во следењето на комуникациите, односно по формирањето на СЈО и ОТА, тврди универзитетскиот професор Шпетим Љатифи. Тоа е сериозна индиција што ја наметнува потребата органите на пpoгонот да спроведат темелна истрага и да откријат кој тоа и понатаму прислкушува(л), оценува тој, но и други експерти. Повеќе на „ТВ24“.

 

- Реклама -