Во Австрија по 4.000 евра за стимулација на ековозила

Владата на Австрија воведува посебна субвенција за купување на електрично или на возило управувано на водород. Таа е во вредност од 4.000 евра, објавија од Министерството за транспорт, иновации и технологијата на земјата.

Целиот буџет на програмата за финансиска стимулации на купувачите на „зелени“ автомобили е во износ од 72 милиони евра. Половина од оваа сума ќе биде инвестирана во развојот на систем од станици за полнење. Програмата важи само за транспортни средства, чија цена не надминува 50.000 евра. Купување на хибрид ќе се поттикнува со 1.500 евра, а на електрични мопеди или мотоцикл – со 750 евра. Секој кој ќе купи таков автомобил по 1 март, ќе има право да претендира за грантот. За таа цел треба да биде направена регистрација на машината на посебен сајт. Покрај тоа властите ќе издаваат на сопствениците на зелените возила нови специфични броеви. Целата програма ќе продолжи до крајот на 2018 година

Во моментов во Австрија се движат околу 9.500 еколошки возила, но се планира до крајот на годината да бидат продадени 4.500 електрични автомобили. Владата на земјата си постави за цел нивниот број до 2020 година да достигне 20.000.

Автоплус

- Реклама -