Во Австрија излекуван прв пациент со крвна плазма

Триесет и шестгодишен Австриец од Штаерска е првиот пациент болент од Ковид-19 кој се излекувал со крвна плазма.

Според пишувањето на „Klajne cajtung”, пациентот еден месец бил на интензивна нега и се борел за својот живот. Откако ја примил терапијата со крвна плазма, триесет и шест годишниот човек бил префрлен од интензивното одделение и сите три коронатестови до сега му биле негативни.

Пациентот бил тешко болен од коронавирус бидејќи имал вроден проблем со имунитетот, односно неговиот организам не можел сам да произведува специфични антитела. Четири недели имал зголема телесна температура, а покрај тоа имал воспаление на белите дробови и проблем со дишењето.

На Универзитетската клиника во Грац на овој пациент му била дадена крвна плазма од излекуван пациент од коронавирус, што и кај овој пациент дало позитивни резултати.

Крвната плазма се користи и во клиниките во Тирол и Салцбург, а пациентот од Грац е прв во Австрија кој е излекуван со овој вид на терапија.

- Реклама -