Австралиската министерка за комуникации Мишел Роланд изјави денеска дека владата нема да ги принудува корисниците на социјалните мрежи да ги даваат своите лични податоци на технолошките компании бидејќи планира на децата под 16 години да им забрани пристап на сите социјални мрежи.
Роуланд планира утре да го образложи предлог-законот во Парламентот, прв закон во светот, кој ќе ги принуди Икс, TикТок, Фејсбук и Инстаграм да го ограничат пристапот до тие платформи за деца под 16-годишна возраст.
Откако законот ќе стапи на сила, платформите ќе имаат една година да одлучат како да ја спроведат забраната или ќе се соочат со казни до 50 милиони австралиски долари (31 милион евра). Сè уште не е познато како платформите ќе можат точно да ја одредат возраста на секој сопственик на сметка и да ја спроведат забраната.
Роуланд денеска во Парламентот изјави дека законот ќе содржи „силни одредби“ за заштита на приватноста на корисниците на социјалните мрежи.