Во Америка мрзнат и ајкули

Таканаречената метеоролошка „циклон бомба“, проследена со силни ветрови и обилен снег, го погоди североистокот на САД. На Флорида падна снег после скоро 30 години.

Школите се затворени, како и државните установи, а се очекува температурите да продолжат да паѓаат.

До крајот на неделата, како што пишува CNN, во одредени делови на САД може да стане постудено и од Марс.

„Циклон бомбата“ на САД им донесе снег, мразови, силни и студени ветрови. Во градовите како Њујорк и Бостон владее хаос во сообраќајот.

На Флорида е толку студено што игуаните, ненавикнати на ниските температури, паѓаат од дрвата во Мајами.

Фотографиите од заледената Америка уште еднаш го обиколуваат светот. Овој пат, како што пренесува „Скај Њуз“, на брегот на Масачусетс „испливале“ и четири замрзнати ајкули, сите најдени во текот на претходните неколку дена на ртот Код.

 

- Реклама -