Во Албанија почна полагањето матура, пробиен тестот по англиски јазик

Во Албанија денеска 18 илјади завршени средношколци го полагаа првиот екстерен испит од матурата, но кусо по почетокот, на социјалните мрежи почнал на циркулира тестот со одговори.

Првиот екстерен испит од матурата е англискиот јазик, но истиот е пробиен и кусо по почетокот порталот „Студентите обвинуваат“ на социјалните мрежи го објавил тестот. И покрај тврдењето на МОН дека се воведени строги безбедносни мерки, но како што се виде очигледно не го спречија пробивањето на тестот, што се случуваше и изминатите години а ниту матурантите да влезат со телефоните во испитните простории, објавија медиумите.

Вчера министерката за образование Огерта Манастирлиу, изјавила дека со 2.900 вработени во образовниот сектор (набљудувачи) се „дефинирани должностите и казните доколку дојде до нерегуларности“.

Засега нема официјална реакција од министерството за тоа како засилените протоколи и строгите правила не беа пречка и годинава да се најде начин и да се препишува тестот. Што ќе се преземе за да не дојде до повторно препишување на 10 јуни кога ќе се полага албански јазик и литература и на 18 јуни математика, останува да се види, додаваат медиумите.

Инаку, во земјата бројот на матурантите во последните пет години е намален за 13 илјади. Тогаш имало 31 илјади наспроти оваа, кога бројот на матурантите е 18 илјади, за што како главна причина се наведува масовната миграција.

- Реклама -