Во 5 чекори ишишајте ги шишките како професионалец

Шишките сосема може да ви го сменат изгледот. Иако наша препорака е да заминете кај професионалец, ако сте нетрпеливи и сакате да си играте со косата ви претставуваме 5 совети што треба да ги знаете пред да се фатите за ножиците.

1. Никогаш не се шишај додека косата ти е мокра

Иако кога е мокра е полесна за контролирање, сепак тогаш косата е подолга отколку кога е сува. Ако ги ишишате шишките додека косата ви е мокра таа ќе се подигне кога ќе се исуши.

siski

Совет: Пред шишање наместете ја косата, сосема сува во положба каква што сакате да ви бидат шишките. Не ја третирајте ниту со пена ниту со гел и не ја притискајте со дланка до челото.

2. Набави остри ножици

Не мора да имаш професионални ножици, но барем гледај да бидат остри.

Совет: Инвестицијата во нови, остри ножици е најпаметен потег, а побарај ги во специјализирана продавница за фризерски прибор. Не мора да бидат професионални. Добро ќе ти дојдат и најевтините.cuttingbangs

3. Сокриј го остатокот од косата

Пред да ги ишишаш шишките мора точно да знаеш колку коса сакаш да исечеш. Немојда се заиграш затоа што после ќе се каеш.

Совет: Издви го праменот што ќе го претвориш во шишки, префрли го преку лицето, а остатокот од косата цврсто врзи го во коњско опавче.

4. Крати ги шишките од средината кон краевите

Ако почнeш да ги кратиш шишките од краевите кон средината многу е веројатно дека ќе ги ишишаш накосо или прекратко на краевите.

Совет: Шишките подели ги на два дела и крати ги од средината. Кога ќе ја скратиш едната страна, измери ја висината на исечената коса и повтори го истото на другата страна.

cut-your-own-bangs_0

5. Испробај нерамни шишки

Ако мислиш дека нема да успееш да ги скратиш шишките рамно, пробај со нерамна техника.

Совет: Наместо да ги поставиш ножиците хоризонтално и почнеш со кратење во рамна линија, постави ги речиси вертикално и само со врвовите на ножиците „сецкај“ многу тенко прамен по прамен. Така ќе добиеш поприроден изглед.

- Реклама -