Во 2018 година пристигнува заоблен iPhone

Apple има намера да ја зголеми разновидноста на понудите на својот iPhone во иднина. Откако конечно го добивме големиот модел во плус варијанти, наскоро не очекува друг новитет.

Тоа нема да се случи во најбрзо време, но најавено е дека во 2018 година би можеле да бидеме сведоци на заоблен iPhone, кој ќе има флексибилен OLED панел и по тоа ќе потсетува на LG G Flex телефоните.

Како што наведува Business Korea, Apple ќе се труди за таа цел да ангажира најголеми произведувачи на дисплеи. Иако изворот не наведува која компанија ќе го произведува заоблениот OLED панел за телефоните на iPhone, се претпоставува дека тоа ќе биде LG.

LG веќе инкорпорираа флексибилен екран за својот G Flex 2 телефон, а ги снабдија Apple со OLED панелите кои се користат во Apple Watch паметниот часовник.

„ Многу е веројатно дека првиот iPhone со флексибилен дисплеј ќе го видиме во 2018 година“, се заклучува во извештајот.

686472298558bd3dcea5b0355060129_wide

- Реклама -