На вкупно 2.566 луѓе им било доделено бугарско државјанство во првите шест месеци од 2019 година, велат податоците на Комисијата за бугарско државјанство при кабинетот на претседателот на Република Бугарија, пренесува „Мета“.
Што се однесува до минатата година, државјанство од Бугарија добиле 3.619 граѓани на Република Северна Македонија.
Во 2018 година, вкупно 1245 лица биле одбиени, најчесто заради фалсификувани документи во постапки за натурализација, употреба на туѓ идентитет или затоа што им било одземено правото на постојан престој во земјата.