Жешката атмосфера во Собранието околу парламентарното мнозинство и поделбата на ресори, а резултат на незадоволство во редовите на ДУИ, се чини, придонесе пратеникот Арбен Зибери за момент да ја загуби концентрацијата и да удри со џипот во металната ограда околу Собранието.
Моментот го уловил и сподели новинарот на ТВ „Клан“ – Фуркан Салиу, кој тврди дека Арбен Зибери нервозен ја напуштил собраниската зграда, по што и се случил малиот инцидент.
Арбен Зибери денеска во медиумите се спомнува како еден од двајцата пратеници на ДУИ (заедно со Изет Меџити) кои одбиваат да гласаат за Талат Џафери за спикер на Собранието, со што се официјализира и новото парламентарно мнозинство, а без чии гласови парламентарното „мнозинство“ има само 60 пратеници. Арбен Зибери беше директор на Центарот за јавно здравје-Скопје и практично ја загуби функцијата лобирајќи за ДУИ и неговиот чичко Насер Зибери да стане прв премиер Албанец, кога Филипче го разреши затоа што на Фејсбук објави дека како член во Комисијата за заразни болести придонел да се отворат границите за да можат Албанците да дојдат и да гласаат за Зибери.